мк en sq
прва страница | за нас | услови на користење | мапа на сајт | контакт
Физички лица Правни лица Вработување Тендери МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ И БАНКОМАТИ
Физички лица
Трансакциска сметка
Платежни операции
Картички
Депозити
Пензиско осигурување
Услуги за дијаспората
Државни записи и државни обврзници
Видови на кредит
Ценовник
E-banking
Western Union
Трајни налози
Апликација за регистрирање на клиент
Пензиско осигурување


Реформата во пензискиот систем во Република Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа беше неопходен во пензиското осигурување од причина што постоечкиот систем во државата, организиран според принципот на “генерациска солидарност” наиде на сериозни проблеми во своето функционирање предизвикани од огромни промени во стопанството на кои не остана имун ниту пензискиот систем и се наметна прашање дали ќе може да опстои на начин на кој досега опстојуваше.
Новината е тоа што се основаа две друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кои управуваат со по еден задолжителен и еден доброволен капитално финансиран пензиски фонд.

Сите лица кои ќе се зачленат во еден од задолжителните капитално финансирани пензиски фондови својата пензија ќе ја обезбедуваат едновремено од Фондот на ПИОМ и избраниот задолжителен приватен пензиски фонд.

Лицата пак кои ќе се зачленат во еден од доброволните приватни фондови ќе обезбедат повеќе средства за пензија користејќи ги придобивките од дополнително штедење -  даночните олеснувања.

Ова го претставува тростолбниот пензиски систем.

ПроКредит Банка како клиентски ориентирана Банка со широк асортиман на банкарски производи Ви нуди можност за склучување договори за пензиско осигурување за членство во  приватните фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје  .
Ве очекуваме во експозитурите на ПроКредит Банка каде може да ги добиете сите потребни информации во врска со склучувањето договори за пензиско осигурување.

ProCredit Bank, Јане Сандански 109а, 1000 Скопје, Македонија, тел 321 99 00, факс 321 99 01, info@procreditbank.com.mk