мк en sq
прва страница | за нас | услови на користење | мапа на сајт | контакт
Физички лица Правни лица Вработување Тендери МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ И БАНКОМАТИ
Физички лица
Трансакциска сметка
Платежни операции
Картички
Депозити
Пензиско осигурување
Услуги за дијаспората
Државни записи и државни обврзници
Видови на кредит
Ценовник
E-banking
Western Union
Трајни налози
Апликација за регистрирање на клиент
Трајни налози

БРЗО И ЕДНОСТАВНО ПЛАЌАЊЕ на телефонската сметка
ПРЕКУ ЛИМИТИРАН ТРАЕН НАЛОГ

Искористете ја можноста за едноставно, брзо и навремено подмирување на Вашата телефонска сметка!

T-Home, T-Mobile и One заедно со ПроКредит Банка Ви нудат  можност за брзо, едноставно и навремено плаќање на телефонската сметка преку користење на поволностите на лимитираниот траен налог.

Што претставува трајниот налог?
Трајниот налог е едноставен, сигурен и брз начин на плаќање на редовните сметки, директно од Вашата тековна сметка. Со Ваша согласност за плаќање на телефонската сметка (сметка за телекомуникациски услуги) од Вашата тековна сметка, ПроКредит Банка редовно ќе врши наплата на трајниот налог на денот утврден како краен рок за плаќање, назначен на сметката. 

Што значи  плаќање преку лимитиран траен налог?
При давењето на согласност за плаќање на телефонската сметка со лимитиран траен налог Вие однапред ја дефинирате максималната сума која може да се наплати. Доколку месечниот износ на сметката е поголем од назначениот максимален износ од Ваша  страна, наплатата за тој месец нема да се изврши преку траен налог (истото не претставува ослободување од обврската за плаќање на телефонската сметка).
 
Што добивате Вие?
Плаќањето со лимитиран трен налог Ви обезбедува многу поволности:

  • Го штедите Вашето време избегнувајќи ги турканиците на шалтерите;
  • Сметките ќе бидат платени автоматски и крајните рокови за плаќање нема да бидат пропуштени;
  • Не плаќате провизија;
  • Ви помага да управувате со своите финансии
  • Имате контрола врз плаќањата

Како до траен налог?
Согласност за плаќање со траен налог може да дадете едноставно со потпишување на формуларот за траен налог во сите експозитури на ПроКредит Банка.

ProCredit Bank, Јане Сандански 109а, 1000 Скопје, Македонија, тел 321 99 00, факс 321 99 01, info@procreditbank.com.mk