|
|
|
|
|  |  |  | | Ромски Филмски Фестивал „Златно тркало – 2008“ | |
| | |
|  |
14 ДО 18 ОКТОМВРИ
| ТЕХНОМА 2008
ПроКредит Банка и оваа година, како партнер на Скопски Саем, земa активно учество на Технома 2008 - една од најпрестижните и најбогатите сaeмсkи мaнифeстaции koja ги oбeдинувa прeтстaвницитe нa нajгoлeмитe дoмaшни, нo и стрaнсkи прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлekтрoтeхниkaтa, нeмeтaлитe и грaдeжништвoтo. |
|
8-17 октомври 2008г.
| Гледајте германски филм
Во организација на ПроКредит Банка, Германска амбасада и Гете Институтот, на 8 октомври 2008 (среда) започнува четвртиот по ред “Фестивал на новиот германски филм”. |
|
Скопје, 23.09.2008
| Меѓународната саемска манифeстација “Агорфуд 2008”
ПроКредит Банка како развојно ориентирана банка која секогаш ги поддржува многу малите, малите и средните бизниси а особено развојот на земјоделството и оваа година традиционално ја поддржа саемската манифeстација “Агрофуд 2008” , која се одржа во периодот од 23 до 27 октомври 2008г. |
|
Скопје, 19 .09.2008
|
ОДРЖАН КОНЦЕРТОТ ПОДАРОК ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА
Оваа година, ПроКредит Банка ја прославува петгодишнината од својата работа на македонскиот пазар и својот јубилеј го одбележи со организирање на концерт – подарок за градот Скопје. Коцертот кој беше организиран во соработка со Германската амбасада, се одржа на 19.09.2008г. на Улица Македонија. И покрај свежото време, на коцертот се собраа многу љубители на класичната музика, кои уживаа во звуците на композициите од Моцарт, Бах и Хендел, изведени од камерното студио БАХУС. |
|
Скопје, 28.06.2008
| Собрани тони отпад во рамки на акцијата „Штеди ја природата“
Еко-акцијата под мотото „Штеди ја природата“, oрганизирана на иницијатива на вработените од ПроКредит Банка, успешно се реализираше на сите планирани локации – Струмица на браната Водоча, Тетово - Шар Планина, Охрид - Градската плажа и Кејот на реката Вардар. На сите локации беа вклучени вработените на банката, како и локалните јавни претпријатија со соодветна механизација - багери, камиони, косилки, метачки, дувалки, се со цел што поуспешно расчистување на отпадот од локациите. |
|
04 до 08 март , скопски саем
| Саем на градежништво 2008
Почнувајќи од 04. март до 08. март на Скопскиот Саем се одржа Петтиот сaeм за градежништво, градежни матерјали и градежна механизација – специјализирана и значајна деловна манифестација зa стопанствениците од градителската и архитектонската струка. На саемот бизнисмените од оваа струка имаа можност да ги претствата своите производи и новитети пред многубројните посетители, како и да остварат контакт со многу компании од оваа сфера како од земјава така и од регионот.  |
|
23 до 27 октомври, Скопски Саем
| Технома 2007
ПроКредит Банка и оваа година, како партнер на Скопски Саем, зеде активно учество на Технома 2007 - една од најпрестижните и најбогатите сaeмсkи мaнифeстaции на која учествуваат прeтстaвницитe нa нajгoлeмитe дoмaшни, нo и стрaнсkи прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлekтрoтeхниkaтa, нeмeтaлитe и грaдeжништвoтo. |
|
5–10 октомври
| Фестивал на новиот германски филм
ПроКредит банка во соработка со Германската Амбасада, Гете институтот и киното Фросина, веќе традиционално, го организира Фестивалот на новиот германски филм, кој се одржува по трет пат кај нас. Фестивалот трае од 5 – 10 октомври, 2007. Проекциите се прикажуваат во кинотот Фросина. |
|
2–6 октомври
| АГРОФУД 2007
Во рамки на годишната соработка со Скопски Саем, ПроКредит Банка учествуваше на 57. меѓународен саем на храна, пијалоци и стоки за широка потрошувача - Агрофуд 2007, кој се одржа на Скопскиот саем од 2 – 6 октомври. |
|
Скопје, 20.09.2007
| Гала оперски концерти на МОБ - подарок за градовите Битола и Струмица
ПроКредит Банка во соработка со Македонската Опера и Балет организира ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТИ во Битола и Струмица. Концертите претставуваат подарок за градовите, при што сите љубители на класичната музика ќе имаат единствена можност да уживаат во звуците на најпознатите арии, во изведба на солистите и оркестарот на Македонската опера и балет. Градовите Битола и Струмица беа одбрани токму поради фактот што нивните жители ја немаат можноста да ги следат остварувањата на солистите при Македонската Опера и Балет во своите места. |
|
Охрид, август 2007
| Balkan Music Square 2007
ПроКредит Банка повторно оваа година ја даде својата поддршка на проектот кој ја обединува балканската музика на едно место – Balkan Music Square. |
|
Скопје, 03.05.2007
| 8 КОНЦЕРТИ ВО ПОДДРШКА НА ТРАДИЦИЈАТА
Нашите најголеми културни амбасадори, групата Синтезис, влегува во уште еден возбудлив проект. Овојпат, заедно со Прокредит банка, која несебично ги помага и поддржува проектите од областа на културата. Се работи за серија на концерти насловени – „8 концерти во поддршка на традицијата“, кои ќе се одржуваат на наши познати, но, по малку заборавени историски локалитети. |
|
Скопје, 25.04.2007
| Гала оперски концерт на МОБ - подарок за градот Штип
ПроКредит Банка во соработка со Македонската Опера и Балет организира ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ во Штип. Концертот претставува подарок за градот, при што сите љубители на класичната музика ќе имаат единствена можност да уживаат во звуците на најпознатите арии, во изведба на солистите и оркестарот на Македонската опера и балет. |
|
26 и 27 април 2007, Скопје
| Ромски Филмски Фестивал „Златно тркало – 2007“
Во линија со својата определба за поддршка на културата во земјата, ПроКредит Банка го поддржа реализирањето на петтиот Ромски Филмски Фестивал „Златно тркало – 2007“. Фестивалот се одржуваше на 26 и 27 април, во хотелот Континентал во Скопје. |
|
19 февруари, Скопје
| Златна Буба Mара на Популарноста
Настанот Златна Буба мара на популарноста оваа година го прослави својот јубилеен 10 роденден. ProCredit Bank традиционално го поддржа овој најпопуларен и најпосетуван настан на годината, на кој јавноста ги номинира и избира најпопуларните артисти, музичари,пејачи, изведувачи, уметнички директори и други познати личности според нивниот ангажман во предходната година. |
|
7 -10 декември
| 5. празничен базар на ракотворби
На 7 декември, во 14:00 часот започнува традиционалниот Петти празничен базар на ракотворби, кој се одржува во галеријата Чифте Амам. |
|
| 19 ноември
| концерт
ПроКредит Банка во соработка со Германската Амбасада, Дојче Веле и МОБ го поддржа одржувањето на концертот на симфонискиот оркестар POLYPHONIA ENSEMBLE BERLIN кој дојде во Скопје од срцето на Европа. |
|
|
10 ноември
| Изложба на новиот германски дизајн
ПроКредит Банка во рамки на својата мисија за поддршка на културата и особено доближувањето на германските вредности до македонскиот граѓанин, го поддржа доаѓањето на изложбата Свесно, едноставно во Македонија. |
|
| 2 ноември 2006 година, Скопје
| Перформанс на Нешкаарт
ПроКредит Банка оваа година го поддржа музичко-кореографскиот денс сепктакл Арамии, во изведба на студиото за модерен танц Нешкаарт од Софија, а во режија и кореографија на Нешка Робева, кој се одржа на 2 ноември 2006 година, во Универзалната сала во Скопје. |
|
|
26 септември - 1 октомври, Битола
| Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”
ПроКредит Банка веќе традиционално е спонзор на Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”, што се одржува секоја година во Битола. Оваа година, од 26 септември до 1 октомври се одржа 27. по ред Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”. |
|
| 22 септември
| Интернационален ден без автомобили
Во рамки на зацртаната мисија за создавање на подобар дом за сите, ПроКредит Банка беше спонзор на Европската недела на движењето 2006, која траеше од 16 – 22 септември, а беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. |
|
|
Септември 2006
| Скопски филмски фестивал
ПроКредит Банка веќе традиционално е спонзор на Скопскиот филмски фестивал, кој активно работи на приближување на ремек делата на Европската и светската кинематографија до нашата публика. Фестивалот ќе се одржи по деветти пат во Скопје од 8 – 16 септември, во кината “Милениум”, “Култура” и “Манаки”. |
|
| Септември 2006
| Фестивал на новиот германски филм
ПроКредит банка во соработка со Германската Амбасада, Гете институтот и киното Фросина го организира Фестивалот на новиот германски филм кој се одржува по втор пат кај нас. Фестивалот ќе биде свечено отворен на 7 септември од г-ца Доротеа Гизелман, Аташе за култура и медиуми на Сојузна Република Германија во Скопје. |
|
|
| СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2006
Градот Струмица член на ФЕЦЦ, федерацијата на европски градови-организатори на карневали, и оваа година е организатор на се попопуларниот Струмички карневал. |
|
| Paul Oakenfold во Скопје
Visa Card Electron од ProCredit Bank го овозможи концертот на еден од најуспешните музички продуценти и диџеи на сите времиња, Paul Oakenfold, британската електронска мегаѕвезда, соработник на албумите на Will Smith, како и на интрото на групата U2, одржан na 13.01.2005 Стара Нова година. |
|
| |
| Балкански Музички Плоштад 2005
ProCredit Bank заедно со Трето Уво, се обиде да ги обедини балканските етно мелоси на Балканскиот Музички Плоштад, кој по петти пат се одржа во амфитеатарoт во Охрид. |
|
| | Синтезис - етно музичка група
Оживувајќи го ритамот на тапаноти традиционалните инструменти, музиката и изведбата на Синтезис, станаа едни од најпосетените и најпочитуваните настани во Македонија и пошироко поради посебниот спој на природните звуци и ритми.  |
|
|
| Златна Буба Mара на Популарноста
Најпосетуваниот и најатрактивниот јавен настан на кој напопуларните артисти, музичари,пејачи, изведувачи, уметнички директори и други познати личности се номинирани од страна на јавноста и избрани од страна на јавноста, според нивниот ангажман во предходната година. |
|
| Струмичкиот Карневал
Градот на сонцето и свежиот зеленчук, Струмица е еден од највеселите градови во Македонија и член на ФЕЦЦ, федерацијата на европски градови-организатори на карневали. Тој и оваа година импосака добредојде на учесници од целиот Балкан. Традиционалниот струмички карневал влече корени од паганските денови и се одржува секоја година за време на христијанскиот празник Тримери. ProCredit Bank ја имаше честа да бидетаму заедно со мошнекреативните,рачноизработени костими и маски. |
|
| Интернационален филмски фестивал
Интернационалниот филмски фестивал во Скопје е традиционален не-натпреварувачки фестивал кој се организира секоја година со цел промоција на филмот и кинематографијата,како форми на уметност и визуелно восхитувачките и исклучителни филмови. |
|
| | Концерт трио - Стефановски, Тадич, Спасов
ProCredit Bank поддржа уште една изведба во живо на прекрасното трио: Влатко Стефановски-Македонија, Мирослав Тадиќ-Србија, Теодосиј Спасов-Бугарија. Двете гитари и кавалот го фасцинираа целиот аудиториум со нивната зедничка мелодија и оставија незаборавни моменти. |
|
|
|
|
|