Целта за основање на посебна експозитура – Бизнис центар е да им се понуди на Корпоративните клиенти удобност и дискреција за работење на најпрофесионален начин при користењето на услубите на ПроКредит Банка.
Бизнис центарот е отворен на крајот од 2006 и се наоѓа во Скопје, во населбата Капиштец, со голем потенцијал за развој на средни бизниси. Сепак, отворање на Бизнис центарот не ја напушта главната мисија на ПроКредит Банка- отворен е и оперативен за сите бизниси, независно од нивната големина.
Посветени на тоа да ги надминат очекувањата на клиентот, Бизнис центарот обезбедува највисоко ниво на услуги и комплетни решенија во банкарското работење на клиентите.
Освен што претставува место каде што клиентите можат да добијат комплетни банкарски услуги, Бизнис центарот континуирано организира работилници, форуми и собири за потенцијални и постоечки клиенти на компанијата. Овие состаноци се обично наменети за размена на искуство помеѓу деловните луѓе и дискусија за реални проблеми и предизвици за нашите претприемници. Повремено, Бизнис центарот организира состаноци помеѓу клиентите и од регионалните пазари. Според тоа, освен поврзување на претприемници, како банка ја имаме можноста за интеракција со нашите клиенти и исто така добиваме информација за континуиран напредок на услугите на банката за нашите клиенти според нивните потреби.
 |

Бизнис Центар
Јуриј Гагарин 17 Тел. ++ 389 2 3097 500 Факс ++ 389 2 3097 501
Работно време работни денови: 8:30 - 17:00 ч
infobc@procreditbank.com.mk | |