Применуваме единствена и докажана технологија која поставува нови стандарди во кредитирањето во Република Македонија. Новата кредитна технологија им овозможува на нашите клиенти да користат производи и услуги според нивните потреби.
а) Најбрза одлука за Вашите кредитни барања Го добивате својот кредит за само 3 до максимум 14 дена по доставувањето на сите потребни документи.
б) Поволни кредитни услови Добивате професионална услуга, поволни каматни стапки и амортизациони планови прилагодени на Вашите деловни потреби.
в) Флексибилен пристап во проценките Користиме алтернативен пристап во изборот и вреднувањето на гаранцијата. Анализите на кредитниот аналитичар се базираат на реална проценка на готовинските текови, а не само на документи.
г) Принцип на градација Ако сте лојален клиент на Банката добивате поповолни услови на кредитирање и останати услуги. Гарантираме долгорочно и взаемно корисно партнерство. |