мк en sq
прва страница | за нас | услови на користење | мапа на сајт | контакт
Физички лица Правни лица Вработување Тендери МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ И БАНКОМАТИ
 
Бонус штеден план

НОВО! БОНУС ШТЕДЕН ПЛАН

Опис на производот: 

Штедниот план служи за заштеда на парични средства на определен период заради реализација на плановите на штедачите (купување на одредени производи, летување, реновирање и сл.).Со Бонус штедниот план однапред се дефинира износот кој редовно месечно се уплатува  на штедниот план, согласно потребите и можностите на штедачот. 

Покрај тоа штедачот не мора секој месец да оди до експозитурата за да врши уплата, туку едноставно активира траен налог со кој секој месец се префрла договорената сума од трансакциска сметка на Бонус штедната книшка отворена во ПроКредит Банка. Со тоа го заштедувате Вашето ценето време и пари.

Карактеристики:
-   Наменет е за сите физички лица
-   Штедачот нема никакви трошоци за отвoрање на Бонус штедниот план.
-  Средствата на штедниот план автоматски се пренесуваат од трансакциска на штедна сметка со користење на траен налог
- За Бонус штедниот план важат редовните каматни стапки на штедните сметки во денари и евра од ПроКредит Банка.
- Дополнително на ова штедачот добива и бонус

Преземи Ценовник на ПроКредит Банка


* Клиентот добива бонус на крај од договорениот период само доколку:

  • има редовни уплати на штедниот план (редовно се извршуваат трајните налози)
  • нема исплати од штедниот план во текот на договорениот период


Денарските штедни влогови се осигурени во Фондот за осигурување на штедни влогови . Фондот ги обештетува физичките лица во висина на 100% од депозитот на секое физичко лице до износот на денарска противвредност на 10.000 ЕУР и 90% од депозитот на секое физичко лице во една банка или штедилница до износот од денарска противвредност помеѓу 10.000 ЕУР и 20.000 ЕУР, но не повеќе од денарската противвредност на 20.000 ЕУР. Во наведениот износ се пресметува главнината на штедниот влог зголемена за камата во висина најмногу до есконтната стапка на Народна банка на Р.Македонија важечка во соодветниот период. 

 

ProCredit Bank, Јане Сандански 109а, 1000 Скопје, Македонија, тел 321 99 00, факс 321 99 01, info@procreditbank.com.mk