ПроКредит Банка постојано се фокусира на развојот на претпријатијата и на работата со сите луѓе. При тоа се запознаваме со многу претприемачи и различни дејности, со добри иницијативи, надежни идеи, планови.
Засилениот раст и развој на банката во поглед на број на вработени, експозитури, услуги и клиенти создаде потреба да испратиме уште посилна порака - порака дека секој клиент има важна приказна која ние внимателно ја слушаме. Вреднувањето на таа приказна, вниманието и посветеноста кон нашите клиенти е она што не прави одговорни и поразлични од другите.
Оттука, секој член на тимот се стекна со одговорност што ни помага да го одржиме ветувањето пред нашите сегашни и идни клиенти и да го донесеме новиот имиџ во реалност. Ние ги наградуваме клиентите со нашиот ентузијазам, насмевка и љубезност. Им гарантираме добра услуга, пријатна атмосфера и поддршка во работата. Нашата награда е нивната доверба.

|