мк en sq
прва страница | за нас | услови на користење | мапа на сајт | контакт
Физички лица Правни лица Вработување Тендери МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ И БАНКОМАТИ
 
Вести 2010

 04 февруари 2010

ПРОКРЕДИТ БАНКА СО НОВИ ПОВОЛНОСТИ И 24 ЧАСОВНА ДОСТАПНОСТ ЗА СВОИТЕ КЛИЕНТИ


Во насока на унапредување на квалитетот на услугата ПроКредит Банка и Топлификација склучија договор согласно кој сите правни и физички лица може да ги плаќаат сметките за парно во ПроКредит Банка без провизија.  Дополнително во ПроКредит Банка покрај сметките за парно, може да се уплатат и сметките за вода, струја, мобилна и фиксна телефонија и сметките за некои од кабловските оператори без провизија како и со активирање на траен налог или преку системот на електронско банкарство. Со активирањето на траен налог секој месец од сметката на клиентите се одзема сума еднаква на висината на месечната сметка за комуналијата, а значително се заштедуба на време и пари за месечно одење во експозитура. 

 
Имајќи го во фокус долгорочно партнерство со своите клиенти, како и двонасочната, ефективна и отворена комуникација, ПроКредит банка, од 15 февруари ќе го продолжи работното време на Контакт центарот на 24 часа, 7 дена во неделата. Преку Контакт центарот на ПроКредит Банка клиентите можат да добијат корисни совети и информации за производите и услугите на банката, како и да ја следат состојбата и промените на нивните сметки преку телефон.

 

ProCredit Bank, Јане Сандански 109а, 1000 Скопје, Македонија, тел 321 99 00, факс 321 99 01, info@procreditbank.com.mk