ЕКО КРЕДИТ
Што значи енергетска ефикасност?
Енергетска ефикасност значи изведување иста или поголема количина на активности со исто или помало количество на потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка).
Што значи обновлива енергија?
Обновлива енергија е енергија која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермија или биомаса. Предноста на овие извори е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење на ја загадува околината.
Што е ЕКО-кредит?
ЕКО кредитите се наменети за инвестиции во проекти кои имаат ефект на заштеда на енергија, зголемување на енергетска ефикасност и намалување на загадување на атмосферата со CO2 (јаглерод диоксид).Овој кредит може да ги користат домаќинства и бизнис секторот.
Со ЕКО кредитите за енергетска ефикасност се постигнува:
- Заштеда на енергија;
- Поврат на инвестицијата на долг рок;
- Поефикасно управување со природните ресурси;
- Придонес за здрава околина.
Што може да се финансира со ЕКО кредитот? PDF брошура
Со ЕКО-кредитите, во индустриски и земјоделски сектор, може да се финансираат и следниве активности:
- Инвестиции во објекти со кои се заштедува енергија;
- Обнова на воздушни компресори;
- Индустриски светлосни системи за заштеда на енергија;
- Штедлив систем за затоплување или ладење на просторот;
- Изолација на парни цевки;
- Електрична опрема и машини за производство;
- Трактори и камиони на ефикасен погон и високо ефикасни електрични мотори;
- Обнова на транспортни средства.
Карактеристики на ЕКО кредитот:
- Износи според потребата на инвестицијата;
- Рок на отплата до 15 години;
- Намалена каматна стапка до 2%;
- Флексибилно обезбедување.