АКРЕДИТИВИ

ПроКредит Банка издава акредитиви како инструмент за плаќање во меѓународниот платен промет. Со акредитивот банката превзема обврска за плаќање по налог и инструкции на купувачот (налогодавач) да плати одредена сума на продавачот (корисникот) на акредитивот по презентација на исправни документи како доказ дека стоките се испорачани во рамките на точно утврден врeменски период.

ПроКредит Банка посредува при проследување на лоро акредитиви и извршува проверка на документи презентирани по основ на извршен извоз за наплата на лоро/извозни акредитиви.

Клиентот аплицира со пополнување на   барање за издавање на акредитив..

Акредитивите се сосема одвоени трансакции од договорите или другите документи на кои тие се базирани.

ПроКредит Банка е единствена банка во Република Македонија која е рангирана според Fitch Ratings со кредитен рејтинг BB+ со стабилен тренд на развој.

 

извор: www.fitchratings.com 

ПроКредит Банка ги издава следните видови на акредитиви и тоа:

Банката издава акредитиви со парично покритие и со друго обезбедување согласно политиката и ценовникот на ПроКредит Банка.

Зошто гаранција или акредитив?

 

  •         Со гаранцијата или акредитивот се добива поголема сигурност во извршувањето на договорот (добро извршување, испорака / плаќање на стока итн.), изразена во плаќање на паричните средства од банката-гарант.
  •       Го штитат договорот од неисполнување на обврските, а со тоа го штитат бизнисот од непредвидени трошоци и одложувања
  •         Доколку постои мал степен на несигурност во деловниот партнер секогаш би требало да се користат инструментите на обезбедување

 

Дефиниција

Акредитивот е писмено превземена обврска за плаќање од страна на банката (издавач), издаден по налог и инструкции на купувачот (налогодавач) за плаќање на одредена сума на продавачот (корисникот) на акредитивот откако ќе бидат обезбедени условите од акредитивот. За да се обезбедат овие услови корисникот треба да презентира исправни документи до номинираната банка како доказ дека стоките се испорачани во рамките на точно утврден временски период и на начин утврден во акредитивот.
Документарните акредитиви се сосема одвоени трансакции од договорите за купување на стоката/извршување на услугата или останатите договори на кои се тие базирани.

Меѓународни правила

Основните начела за работење со документарните акредитиви се содржани во т.н. Еднообразни правила за работење со документарни акредитиви (Uniform Customs and Practice for Documentary Credits - UCP 600) издадени од Меѓународната  Трговска Комора  во Париз.

Страни во документарниот акредитив

Налогодавач

Налогодавач е купувачот/увозникот на стоката, страна која дава налог на издавачка банка да издаде акредитив.

Издавачка Банка

Издавачката банка е банката која го прима налогот за отварање на акредитивот, (налогодавачот е клиент на издавачката банка) и таа е банката што ја превзема обврската за плаќање во полза на корисникот по добивањето на документите кои се во согласност со условите на акредитивот.

Авизирачка Банка

Авизирачка е банка, која се наоѓа обично во земјата на корисникот, преку која издавачката банка бара да се извести корисникот за условите на акредитивот. Не постои никаква обврска за авизирачката банка во делот на плаќање на акредитивот.

Конфирмирачка Банка

Конфирмирачка банка е банката која на барање на издавачката банка ја додава својата конфирмација (презема обврска за плаќање) на акредитивот.

Акцептирачка Банка

Акцептирачка банка е банката која е назначена за прегледување на документите, банка кај која акредитивот е расположив. Со други зборови, акцептирачката банка е задолжена за прегледување на документите презентирани за наплата по основ на акредитивот.

Корисник

Корисник е продавачот/извозникот на стоката во чија корист документарниот акредитив се издава.

Рембурсна банка

Банка која не е инволвирана во акредитивот. Таа е банка авторизирана од Издавачката банка да ја реимбурсира (да плати) банката која бара реимбурсмент / плаќање (банката на корисникот) во согласност со авторизацијата добиена од банката на издавачот.