Кредитна технологија

Применуваме единствена и докажана технологија која поставува нови стандарди во кредитирањето во Република Македонија. Новата кредитна технологија им овозможува на нашите клиенти да користат производи и услуги според нивните потреби.

а) Најбрза одлука за Вашите кредитни барања
Го добивате својот кредит за само 3 до максимум 14 дена по доставувањето на сите потребни документи.

б) Поволни кредитни услови
Добивате професионална услуга, поволни каматни стапки и амортизациони планови прилагодени на Вашите деловни потреби.

в) Флексибилен пристап во проценките
Користиме алтернативен пристап во изборот и вреднувањето на гаранцијата. Анализите на кредитниот аналитичар се базираат на реална проценка на готовинските текови, а не само на документи.

г) Принцип на градација
Ако сте лојален клиент на Банката добивате поповолни услови на кредитирање и останати услуги.
Гарантираме долгорочно и взаемно корисно партнерство.

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;