МИСИЈА
ПроКредит Банка е развојно ориентирана банка со широк спектар на банкарски производи. Во нашето кредитно работење се фокусираме на кредитирање на многу мали, мали и средни претпријатија за кои веруваме дека создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во рамките на дејноста во која работат.
За разлика од другите банки, нашата банка не промовира потрошувачки кредити. Наместо тоа, ние се фокусираме на одговорно банкарство преку градење на култура на штедење и долгорочно партнерство со нашите клиенти. Нашите акционери очекуваат сигурно враќање на инвестициите низ подолг временски период. Инвестираме значително во обука на нашите вработени со цел да создадеме пријатна и ефикасна работна атмосфера и да овозможиме и најстручна и висококвалитетна услуга за нашите клиенти.