Банка за мојот бизнис

Трансакциска сметка

Да ја започнеме заедничката соработа со Вашата основна трансакциска сметка. Со поседување на оваа сметка имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство, пристап до останатите услуги на банката, како и можност да добиете бесплатен личен советник кој ќе Ви помогне во целосната работа на Вашиот бизнис.
 

Што добивате со трансакциската сметка во ПроКредит Банка?

  • Брзо и едноставно извршување на налози за плаќања: интерно во рамки на банката, кон други банки во земјата и странство
  • Извршување на готовински трансакции
  • Користење на краткорочни дополнителни средства на сметка (минусно салдо)
  • Можност за користење на системот на електронско банкарство кој Ви овозможува следење на состојбите на Вашите сметки, преглед и печатење на изводи и можност за електронски плаќања во секое време, дури и по работното време на експозитурите, за време на викенди и празници
  • Камата на позитивно салдо на трансакциска сметка и можност за орочување на депозити со фиксни каматни стапки

Како да отворам трансакциска сметка на правно лице?

Лицето кое е овластено да го застапува претпријатието потребно е да ја посети која било експозитура на ПроКредит Банка заедно со документите наведени подолу (види локации на експозитури).
 
Потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правно лице:
Документи што ги обезбедува клиентот:
  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен регистар
  • ЗП Образец, заверен на нотар
  • Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош)

Потребни документи за отворање на нерезидентна сметка:

  • Документ за регистрацијата од домицилната држава преведен на овластен преведувач и не постар од 6 месеци
  • Овластување за застапништво, издадено од странската фирма, преведено од овластен преведувач и не постаро од 6 месеци
  • Документ за идентификација - пасош од законскиот претставник или овластено лице со приложено оригинално полномошно, преведено од судски преведувач и заверено на нотар
  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен Регистар
 

Што Ви предлагаме?

  • VISA Business Electron - меѓународна дебитна картичка за правни лица кои имаат активна трансакциска сметка во ПроКредит Банка. Со оваа картичка добивате редовни извештаи (извод на состојба на сметка) за сите трансакции кои се направени на трансакциската сметка за правни лица. Провизијата за повлекување на средства од Вашата трансакциска сметка за правно лице со оваа картичка е 70% пониска од провизијата за повлекување готовина во експозитура, а плаќањето на ПОС терминали е бесплатно, при што Вашите средства се достапни во кое било време и во која било земја
  • Платежни терминали (ПОС) за Вашите клиенти со кои ќе можете брзо, едноставно и безбедно да ги прифатите платежните картички. Трошоците за аплицирање, инсталирање, обука и користење на ПОС терминалот е бесплатна

26.09.2017
  • EUR 61,35 61,5060 61,80
  • USD 0 51,8294 0
  • CHF 0 53,1967 0
  • GBP 0 69,9409 0