Услови за користење на оваа интернет страница

ПроКредит Банка
Манапо 7
1000 Скопје
Македонија

Телефон: ++ 389 2 3219900
Контакт центар (24/7):  ++ 389 2 2446000
e-mail: info@procreditbank.com.mk

Интернет страницата е регистрирана во: Марнет, 1000 Скопје, Македонија

Претставници (овластени лица кои ја застапуваат ПроКредит Банка АД Скопје):

  • Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор и член на Управен одбор
  • Емилија Спировска, член на Управен одбор

Авторски права

Оваа веб страна е изработена од ПроКредит Банка АД Скопје, акционерско друштво што е осоновано и кое работи според македонските закони, ако не е поинаку назначено подолу. ПроКредит Банка АД Скопје ги задржува правата кои произлегуваат од оваа веб страна. Тоа се однесува особено на текст, слики или графички елементи, вклучувајќи го и нивното појавување на веб страната. ПроКредит Банка АД Скопје дозволува преглед и снимање на сите содржини од веб страната исклучиво за некомерцијални и информативни потреби и за лична употреба. Со авторските права се забранува вршење измени, репродукција, преведување и снимање на содржините на други медиуми со слична содржина, вклучувајќи и електронска форма. ПроКредит Банка АД Скопје  има полно право без претходно известување да ја менува, дополнува и брише оваа веб страна во целост или делумно, или пак привремено или трајно да ја прекине нејзината работа, според сопствена желба без да сноси одговорност за тоа.

Авторски права: бренд, имиња, лого

Брендовите, имињата, логоата и сл. кои се користени на оваа веб страна, ако не е поинаку назначено, се заштитени од ПроКредит Банка АД Скопје или од давателите на лиценците, или односните сопственици, без разлика дали се наведени како такви, или дали го носат симболот ®. Брендовите целосно подлежат на важечкиот Закон за индустриска сопственост, како и на Законот за сопственост на регистрираните сопственици. На трети лица им се забранува употребата на таквите трговски знаци.

Напомена за оградување

Оваа веб страна е подготвена со големо внимание. Информациите кои се наоѓаат на страната се проверени. И покрај тоа, не се презема никаква одговорност за нивната точност, прецизност, ажурираност и целосност. Не се прифаќа ниту одговорност за посредна или непосредна штета која произлегува како резултат од употребата на оваа веб страна, освен ако не е предизвикана намерно или поради големо невнимание. Пристап до веб страната и употребата на документите кои се достапни на страната се целосно на ризик на корисникот.

Доколку имате прашања во врска со интернет страницата, Ве молиме контактирајте со нас на следната адреса:info@procreditbank.com.mk