Зошто ПроКредит Банка?
ПроКредит групата се состои од 21 финансискa институциja во чии фокус е да обезбедат одговорни банкарски услуги во земји во развој и економии во транзиција. Настојуваме да бидеме “Матична банка” за многу малите, малите и средни бизниси обезбедувајќи лесно достапни и одговорни услуги. Веруваме дека развојот на овие претпријатија ќе допринесе за развој на целокупната економија во земјата и отворање на нови работни места. Воедно се стремиме да градиме и развиваме култура на штедење и да обезбедиме транспарентни услуги за обичните луѓе кои живеат и работат во соседството во кое ние постоиме и работиме.