Профил на банката

Деловна етика

Дел од мисијата на ПроКредит Групацијата е утврдување стандарди во финансиските сектори во кои работиме. Целта е да се придонесеме не само во поглед на целните групи што ги опслужуваме и квалитетот на финансиските услуги што ги обезбедуваме, туку да придонесеме и во поглед на деловната етика. Нашите корпоративни вредности играат клучна улога во оваа насока. Дефиниравме шест суштински принципи на коишто се потпира работата на ПроКредит институциите:
 
Транспарентност: Нудиме транспарентни информации, како на нашите клиенти, така и на пошироката јавност и на нашите вработени. На пример, се грижиме клиентите целосно да ги разберат условите од договорите што ги склучуваат со нас и се ангажираме во финансиско образование со цел да ја зголемиме свесноста на јавноста за опасностите од нетранспарентните финансиски понуди.
Култура на отворена комуникација: Отворени сме, фер и конструктивни во меѓусебната комуникација, a конфликтите на работа ги решаваме професионално, преку соработка, со цел да се изнајде решение.
Општествена одговорност и толеранција: На нашите клиенти им даваме разумни совети, базирани на цврста основа. Пред да им понудиме кредити на нашите клиенти, ја оценуваме нивната економска и финансиска ситуација, како и нивниот бизнис- потенцијал и капацитетот за отплаќање со цел да одбегнеме нивна презадолженост и им овозможуваме соодветни финансиски услуги. Покрај тоа, сите наши клиенти и вработени ги третираме со почит и фер пристап, без разлика на нивното потекло, боја на кожа, јазик, пол или религија.
 
Исто така, се осигуруваме дека барањата за кредити на нашите клиенти се разгледуваат во согласност со нашите етички бизнис практики. Не се одобруваат кредити на претпријатија или граѓани ако се сомневаме дека истите користат практики кои се несигурни, штетни кон животната средина или морално неправилни облици на искористување на човечкиот труд, а особено детскиот труд.   
Услужна ориентираност: Секој клиент се услужува срдечно, компетентно и љубезно. Нашите вработени се трудат да им пружат одлична услуга на клиентите, без оглед на нивниот историјат и големината на нивниот бизнис.
Високо професионални стандарди: Нашите вработени преземаат лична одговорност за квалитетот на својата работа и секогаш се стремат професионално да се усовршуваат.
Висок степен на личен интегритет и посветеност: Од сите вработени во ПроКредит Групацијата се очекува целосна посветеност и чесно и искрено извршување на должностите.
 
Овие шест вредности го сочинуваат столбот на нашата корпоративна култура, за нив се дискутира и активно се применуваат во секојдневното работење. Покрај тоа, тие се рефлектираат и во Кодексот на однесување на ПроКредит, којшто ги трансформира етичките принципи на Групацијата во практични насоки за сите вработени. Со цел да бидеме сигурни дека новите вработени во целост ги разбираат сите дефинирани принципи, почетните обуки вклучуваат сесии посветени на Кодексот на однесување и неговото значење за сите членови на нашиот тим. Редовните сесии за освежување на знаењето на вработените ни помагаат да бидеме сигурни дека вработените ќе останат посветени на нашите високи етички стандарди и ќе ги воочуваат новите проблеми и настани кои имаат етичка димензија за нашата институција. Овие настани се анализираат и проучуваат од страна на постојните вработени, коишто потоа дискутираат за сите неразјаснети сегменти.
 
Кредитирање
Барањата за кредити се проценуваат од гледна точка на усогласеноста на апликантот со етичките деловни практики. Не се одобруваат кредити на претпријатија или физички лица доколку се сомневаме дека тие ги искористуваат небезбедните или морално осудуваните форми на труд, особено детскиот труд.
 
ПроКредит Банка има дефинирана листа на активности која негативно се одразува на животната средина и општественото опкружување и која не ја поддржуваме преку кредитирањето. Погледни листа на активности кои ја загрозуваат животната и општествена средина, кои не се кредитираат од ПроКредит Банка.
 
Друг аспект на грижата на нашата институција да се придржува кон највисоките етички стандарди е конзистентната примена на процедурите со коишто се штитиме да не бидеме злоупотребени како средство за перење пари, финансирање тероризам или други нелегални активности. Вработените се обучуваат да го применуваат принципот „запознај го својот клиент” и да спроведуваат силен мониторинг и известување во согласност со важечките регулативи. Политиките за спречување перење пари и измама редовно се ажурираат и се спроведуваат на ниво на Групацијата, со цел да се обезбеди усогласеност со локалните и меѓународните регулаторни стандарди.