ПроКредит Банка со нова мобилна апликација
Во насока на унапредување на квалитот на нашите услуги Ви овозможуваме нова мобилна апликација за безбедно и
сигурно авторизирање на плаќања преку мобилен уред.
Новата мобилна апликација може да ја користат сите физички лица кои користат е-банкарство. Истата има
едноставен и модерен дизајн и нуди голем број на поволности како:
- Процесирање на плаќања преку Вашето е-банкарство на било кој интернет пребарувач: Google Chrome/ Mozilla Firefox/ Internet
Explorer/ Opera и сл.
- Нема потреба
од инсталации на е-сертификат на Вашиот лаптоп/ компјутер
- Го внесувате
плаќањето преку e-банкарство,а добивате нотификација за авторизација на плаќањето на
Вашиот мобилен телефон
- При добивање на нотификацијата на мобилен имате можност да ја потврдите или одбиете
трансакцијата во период од 2 минути
- За пристап до мобилната апликација користите ПИН код кој Вие сами го избирате при инсталација на апликацијата
- Плаќањата преку е-банкарството може да процесирате веднаш по инсталирање на апликацијата
Мобилната апликација може да ја инсталирате на Вашиот мобилен уред на следниве оперативни системи:
- Аndroid - ja симунвате апликацијата од Play Store
- Iphone - ja симунвате апликацијата од Apple Store
УПАТСТВО ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИJА
Постоечката мобилна апликација останува во употреба за преглед на Вашите сметки
и информации за нашите услуги.