ПроКредит Банка го сертифицираше системот за управување со животна средина со ISO 14001:2015

 
ПроКредит Банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001 – 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на Декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.
 
Интергрален дел од клучните вредности на ПроКредит е Системот за управување со животна средина со кој банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Ефикасното користење на ресурсите во интерните процеси е една од основните причини за намалување на CO2 емисиите во воздухот кој ги емитува секој деловен објект. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.
 
“Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Користиме обновливи извори на енергија за греење, ладење и производство на струја со што придонесуваме кон намалување на негативното влијание кон околината. Во континуитет имплементираме мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите кое резултираше во намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години” Изјави Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.
 
Дополнително, ПроКредит Банка има пласирано преку 35 мил ЕУР во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.
 
Со ова ПроКредит Банка наметнува нови стандарди во банкарскиот сектор со цел поодговорно управување со нашата животна средина.